Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола „заљубен“ во еден колега: Девет години не сум видел вакво нешто!

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити знае да победува и кога не игра на највисоко можно ниво, нешто што го потврди и вчера на натпреварот против Брентфорд на „Итихад“.

Актуелниот шампион беше во негатива уште во воведните секунди од мечот и мораше да брка резултат, но благодарение на Халанд брзо стигна до пресврт, а потоа двата гола на Норвежанецот се покажаа како доволни за победа.

Брентфорд уште еднаш покажа дека може да биде навистина незгоден противник и за најдобрите тимови во Премиер лигата, а Пеп Гвардиола е сигурен дека тоа е производ на извонредната работа на Томас Франк.

Шпанскиот стручњак призна дека е фудбалски заљубен во менаџерот на Брентфорд, за кого прогнозира дека набрзо ќе води многу поголем клуб од Брентфорд.

– Јас сум огромен фан на Томас Франк. Не се сеќавам дека некој играл вака против нас во последните осум или девет години. Играа многу храбро и имавме среќа во почетната фаза. Одбиената топка заврши до Халанд и тој гол го постигнавме на среќа. Брентфорд заслужено водеше до таа фаза од мечот. Имавме проблеми да ја читаме нивната игра и да ги притискаме на нивната половина. Имавме среќа со двата гола, но потоа бевме доста подобри во вториот дел. Можеби заслуживме да постигнеме уште неколку гола, – изјави Гвардиола и додаде.

– Само прашање на време е кога Томас Франк ќе води голем европски клуб. Сигурен сум дека ќе добие таква шанса. Кој и да го избере, сигурен сум дека ќе добие врвен менаџер. Добар сум во неколку работи во фудбалот, а една од нив е читањето на противничкиот менаџер. Знам кој е добар и Франк е навистина многу добар, – заврши Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни