Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Загубивме од Јунајтед поради моите одлуки

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола не можеше да се израдува на нова двојна круна во Англија и мораше да гледа како неговиот Манчестер Сити губи во финалето на „Вембли“, натпревар на кој Манчестер Јунајтед се реваншираше за поразот во финалето од пред една година.

Јунајтед одигра подобро прво полувреме и ја искористи лошата поставеност кај играчите на Гвардиола, па така двата гола позитива се покажаа како доволно добри за да се стигне до Куп трофејот.

Менаџерот на Сити им честиташе на ривалите за освоената титула и посочи дека истата е заслужена, но во правењето анализа, не пропушти да нагласи дека тој е виновен за впишаниот пораз.

– Мојот план за игра не беше добар во првото полувреме. Второто полувреме беше многу подобро, бевме поинтензивни и игравме како да немаме што да загубиме.

– Ова беше тесно финале, им го подаривме првиот гол, а потоа дадоа добар втор гол од транзиција. Честитки за Јунајтед, покажаа квалитет. Загубивме поради моите одлуки. Не бевме навистински позиции за да ги нападнеме. Направив грешка со планот за игра и тоа не беше доволно добро од моја страна. Без оглед на се, сезоната за нас е извонредна, се боревме за сите трофеи до крајот и немам никаква забелешка за играчите, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни