Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола задоволен по ремито: Комплимент е да му дозволиш само два удари на Ливерпул

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити имаше водство, но не успеа да го победи Ливерпул на домашен терен во големото премиерлигашко дерби одиграно денеска на „Итихад“.

Избраниците на Пеп Гвардиола за противник го имаа еден од најголемите ривали и за титулата, но шпанскиот стручњак очигледно е задоволен од освоениот бод и текот на натпреварот.

– Ова беше наше одлично издание, навистина сум горд што и по осум години играме на ваков начин. Бевме добри во сите сегменти, а против себе имавме квалитетен тим.

– Можеби немавме завршно додавање, но сепак и тие се бранеа добро. Да дозволиш само два удара во рамките на голот од тим како Ливерпул е голем комплимент за нашата работа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни