Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за тоа кога Челси ќе се бори за титула: Тие имаат добар дух, агресивни…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Челси и Манчестер Сити денеска ќе го одиграат дерби мечот во Премиер лигата, две екипи кои имаат многу вложено во играчкиот кадар со тоа што „сините“ и покрај вложувањата се далеку од врвот, позициите кои се посакуваат на „Стемфорд Бриџ“, додека „граѓаните“ се на првата позиција.

Со оглед на местата на табелата и се што се случува во изминатиов период, години јасно е дека Сити е фаворит, но Пеп Гвардиола е свесен дека мора тој статус да го оправдаат, да се покажат во најдобро светло против тимот кого го цени и за кого верува дека порано или подоцна ќе се вмеша во трката за пехарот.

-Достигнувањето е тоа што го направивме, а не другите клубови. Челси е еден од најважните тимови во Англија, тие ја освоија ЛШ со Тухел против нас. Се работи за еден од најсилните тимови, без никаков сомнеж.

-Имаат добар дух, агресивни, ова е еден од најтешките натпревари што ги имаме во сезоната, но сепак, ние одиме таму оптимисти. Сега сме на врвот во лигата и мора да се обидеме да го одржиме квалитетот на играта. Но, порано или подоцна Челси ќе се бори за титулата, без сомнение во тоа, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни