Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за способноста на Халанд: Тоа ги дефинира големите играчи (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити не дозволи никакво изненадување и издвојува победа над Манчестер Јунајтед од 3-1 во средбата од 27. коло во Премиер лигата.

Домаќините играа и го диктираа темпото низ сите 90 минути, но до посакуваниот резултат дојдоа дури во вториот дел кога во листата на стрелци се запишаа Фил Фоуден (2) и Ерлинг Халанд (1).

Токму овој вториот одново имаше проблеми со реализацијата, не искористи неколку шанси, а за издвојување е онаа во финишот на првиот дел кога не реализираше чист зицер, односно ги остави сите во неверување со тоа што не ја спроведе топката во голот од непосредна близина.

Сепак на крајот Норвежанецот успеа да се поправи, а тоа за менаџерот Пеп Гвардиола е јасен знак ако се земе досегашното негово искуство, патување во фудбалот.

-Големите, одлични играчи што ги запознав, имав среќа да водем многу од нив, тие забораваат [промашени шанси] за миг. Забораваат што е можно побрзо. Фудбалерите, кошаркарите. Тие промашуваат. Тие само се насмевнуваат и продолжуваат со тоа, а тој [Халанд] тоа го направи. Тој има неверојатна способност да заборави. Тоа ги дефинира големите играчи, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни