Англија
Гвардиола за ситуацијата со Родри: Нема да носиме глупави одлуки…

Манчестер Сити има сезона далеку под очекувањата, а една од причините за тоа е отсуството на клучниот играч, „златната топка“ за 2024 година, репрезентативецот на Шпанија, Родри.
Играчот за врска се повреди во раната фаза на натпреварувачката 2024/2025 и тоа во дербито со Арсенал, настрадаа лигаментите на коленото, но закрепнувањето оди во позитивна насока и тој почна да работи со топка и веќе се говори за негов кам-бек на терените во текот на оваа кампања.
Тренерот Пеп Гвардиола е задоволен што неговиот сонародник напредува, ама јасно и директно порача дека нема да се носат глупави одлуки.
-Навивачите мора да знаат дека не се единствени кои се возбудени. Поминаа пет месеци, шест месеци. Ама чекор по чекор, не мора да носиме глупави одлуки за да го вратиме неколку недели порано. Добро е, но сепак не е блиску до враќање, би рекол. Ама ја допира топката, во соблекувалната има контакти со играчите.
-Тој се чувствува самоуверен, се чувствува посреќен. Не можев да очекувам да се вратипред крајот на сезоната, дури ни на Светското првенство [клупско]. Но, во Премиер лигата можеби тоа ќе се случи, -порача предводникот на „граѓаните“.
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…