Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за шансите на Сити на „Бернабеу“: Ќе се обидеме, но…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити имаше блескаво и сигурно издание против Њукасл во Премиер лигата, натпревар кој беше последна проверка пред реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ беа поразени од „кралевите“ со 3-2 на свој терен на „Итихад“ и тоа со два гола во завршницата, па предводникот на премиерлигашот Пеп Гвардиола не е преголем оптимист дека ќе можат да направат нешто повеќе на „Бернабеу“ и дојдат до осминафиналето на елитното натпреварување.

-Маргината за победа на Бернабеу во оваа позиција, сите знаат дека ако прашате пред натпреварот, процентот за да поминеме, не знам, ќе стигнеме до еден процент, ќе биде минимална, но додека имаме шанса, ќе се обидеме, тоа е сигурно.

-Оваа сезона, реалноста е дека бевме со милји, милји далеку. Ако ми кажевте, ако игравме како во саботата дека ќе завршивме 22 во Лигата на шампионите, се разбира дека не, ќе завршевме повисоко. Ама реалноста, ние бевме навистина, навистина слаби во резултатите оваа сезона, и еден натпревар кој го одигравме навистина добро нема да го смени мислењето, реалноста, тимот, тоа е во моментов, сè уште не сме добри во однос на ден за ден.

-Но, се разбира, подобро е да се патува во Мадрид со овој резултат (победа над Њукасл од 4-0) отколку да се замислува пораз во последните минути, така што на крајот, во ред, шансата е мала, бидејќи резултатот не беше добар, пред пет минути 2-1, ќе беше поинаку, но со 2-3, шансите се, но додека имаме шанса, ќе ја искористиме и ќе видиме што ќе се случи, -порача Гвардиола.

Реваншот е закажана за в среда од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни