Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за ригорозната празнична одлука за своите фудбалери: Тоа им е работа

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити никако не успева да излезе од големата криза, а менаџерот Пеп Гвардиола е пофрустриран од настапите и резултатите на актуелниот англиски шампион.

Празничниот период очигледно нема да донесе исклучоци во однос на мотивот на шпанскиот стручњак да испровоцира пресврт во игрите на своите фудбалери, кои пак се приморани да ја минат божиќната ноќ далеку од семејствата и најблиските.

Англиските медиуми објавија дека божиќното утро поминато во семејните домови, членовите на Сити попладнево имале задолжителен тренинг и вечерва ќе преспијат во клупскиот комплекс, очекувајќи го во карантин утрешниот дуел со Евертон.

Гвардиола бил прашан дали не смета дека неговиот потег е ригорозен и дали е сигурен дека нема да има негативен ефект, на што имал и подготвен одговор.

– Се надевам дека сакаат да бидат овде, затоа што тоа им е работа.

– Луѓето велат дека не сме ангажирани доволно, но јас не се согласувам. Се работи за детали, а на „боксинг деј“ ќе се обидеме да го поправиме впечатокот, – рекол Гвардиола.

Сити утре го пречекува Евертон од 13:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни