Англија
Гвардиола за првата реакција за договорот на Халанд: Кога Феран ми кажа…

Ерлинг Халанд одлучи уште долго време да го носи дресот на Манчестер Сити, поточно да каже „ДА“ на договорот со кој ќе биде „врзан“ на „Итихад“ дури до далечната 2034 година.
Вакви договори се ретки во светот на фудбалот, па и менаџерот Пеп Гвардиола не можел да поверува што слуша кога за првпат ја добил информацијата.
-Кога Феран [Сориано] ми кажа, реков „извини, можеш ли да ми кажеш уште еднаш!?“ Затоа што не можев да верувам. Никогаш порано не се случило. После тоа се случи, но мислам дека никој не го туркаше другиот. Мислам дека двете страни го сакаа тоа. Тоа е одлична вест за клубот, се надевам дека е среќен, инаку не би го направил тоа. Да се има овој неверојатен талент, уникатен играч и напаѓач за клубот во следната деценија е навистина важно.
-Не би потпишувал договор доколку не може да ја визуелизира својата иднина како фудбалер во овој клуб, а потенцијалот и предизвикот овде – тоа би било невозможно. Навистина сум задоволен, особено задоволен што го направи тоа во не лесен момент за нас во однос на резултатите. И да се направи тоа во овој момент, мислам дека значи многу за довербата во сите во овој клуб. Тој знае за 10 години – не знам што ќе се случи – но ќе има различен стручен штаб и играчи. Сметам дека потпиша затоа што го гледа Сити во Премиер лигата, се разбира, и го гледа потенцијалот [и] дека клубот е една деценија на врвот, многу, многу години.
-Мислам дека фактот што сака да игра во Премиер лигата е голем комплимент за Премиер лигата, за целата организација, за сите и тој сака да игра за клубот од многу причини – неверојатни клубови, неверојатни тимови, од година во година е се подобро и тоа е тоа, -истакна Гвардиола.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег