Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за повредата на Родри: Се уште…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити се спаси од пораз во дербито со Арсенал во Премиер лигата, меч во кој уште во раната фаза остана без еден од своите најдобри фудбалери Родри.

Шпанецот мораше да го напушти теренот, но тоа го направи сам, без помош што секако беше позитивно, па затоа изненадувачки беа вчерашните вести дека повредата е од посериозна природа, односно дека се работи за скинати лигаменти на десното колено.

Сити се уште официјално се нема огласено, а околу оваа ситуација краток коментар пред средбата со Вотфорд во Лига Купот даде менаџерот, Пеп Гвардиола.

-Сè уште ја чекаме одлуката на лекарите, точната дијагноза. Кога ќе дознаеме, клубот или јас, портпаролот на клубот тоа ќе го соопшти, -рече Гвардиола.

Ако се потврдат информациите оваа сезона ќе биде завршена за шпанскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни