Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за повредата на ѕвездата: Не изгледа добро…

Објавено

на

Манчестер Сити дојде до посакуваните три бода во соочувањето со Нотингем Форест и тоа со погодоците на Јошко Гвардиол и Ерлинг Халанд.

Сега Сити има само еден бод помалку од лидерот Арсенал, но и натпревар помалку што значи во моментов се држи во свои раце, односно од него зависи трката за пехарот.

Сепак денешното гостување на „Сити Граунд“ донесе и една лоша вест за „граѓаните“, а тоа е повредата на еден од клучните играчи, голманот Едерсон кој беше активен само во првото полувреме.

-Не изгледа добро, ќе видиме утре со лекарската екипа, -рече Пеп Гвардиола кој призна дека се надевал на кикс на „топчиите“ на денешниот меч со Тотенхем.

-Сакав да загубат, дојдоа до добар резултат. Уште четири натпревари. Мислам дека нема да изгубат бодови и знаеме што треба да правиме, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни