Англија
Гвардиола за подзаборавениот играч на Сити: Не сакаше да си замине, но секој што е тука…

Манчестер Сити има незгоден предизвик овој викенд, гостување кај Вест Хем во Лондон, тим кој нема пораз по првите четири коло во Премиер лигата.
Ова е сериозен испит за „граѓаните“ и тоа добро го знаат и сигурно ќе сакаат на најдобар можен начин да одговорат на истиот. Сити има одредени проблеми со повредени играчи, па шанса за настап можеби ќе дочека подзаборавениот Калвин Филипс кој од минатата година е член на Сити.
Англискиот репрезентативец воопшто не се изнаигра и беше во втор, трет план минатата кампања, тешко му оди и во оваа, ама тој одбил да замине на позајмица, поточно решил да остане и се бори за своето место.
-Разговаравме со него и со клубот со можност можеби да замине на позајмица бидејќи немаше голема минутажа, но реши „не, сакам да останам“. Тој е повеќе од добредојден“. Како добро момче кое прифаќа се и останува, тој е добредојден. Кога ќе се заврши преодниот рок, секој играч кој е овде е дел од семејството и ќе помогне, -истакна Пеп Гвардиола на кого му е драго што Калвин играл против Шкотска.
-Прво сакам да кажам дека сум навистина задоволен за мечот што го одигра бидејќи тој е исклучителен човек и сакам да работам со такви луѓе, како што сум кажал многу пати. Се разбира, тој не имаше многу минути во минатото, не знам што ќе се случи, но важно е за него, но и за мене, да го има овој добар настап. Може да се подобри, бидејќи динамиката од која дојде беше сосема спротивна. Тој остана со нас и играчите што ги имаме во составот се повредени, важно е да е подготвен, -заклучи Шпанецот.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)