Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за плановите на Сити: Нема да губиме енергија за Лига купот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити избори пласман во осминафиналето на англискиот Лига куп, но менаџерот Пеп Гвардиола не го крие незадоволството од набиениот распоред и отворено кажал што мисли за учеството во ова натпреварување.

Сити го играше натпреварот со Вотфорд по нецели 50 часа по дербито со Арсенал, а во првите единаесет останаа само Доку и Вокер.

– Уште отсега ќе ви кажам, во следната рунда ќе играме со втор тим.

– Нема да губиме енергија во ова натпреварување, во тоа бидете сигурни.

– Не можеме да излеземе на крај со ваквиот распоред, но за одредени играчи ваквите натпревари се добредојдени. Ние играме за да победиме, никогаш нема свесно да се откажеме од некое натпреварување, но игравме пред 50 часа. Нема да ризикувам да ни се случи нешто во Премиер лигата или Лигата на шампионите поради Лига купот, – рекол Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни