Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за одлуката на Клоп: Сигурен сум дека ќе се врати, понекогаш е навистина добро…

Објавено

на

Foto:premierleague.com

Пеп Гвардиола и Јирген Клоп веќе долго време водат битки на фудбалскиот терен, поточно како тренери создадоа убаво ривалство, но истото дефинитивно е засновано на голема почит.

Тие се „бореа“ во Германија, веќе некое време и во Англија, но по крајот на оваа сезона Шпанецот ќе остане без колегата со оглед на тоа што Германецот реши да направи пауза, да ја заврши приказната со Ливерпул и да одмори од фудбалот некое време.

Неговата одлука изненади сите, ама потребна е многу енергија за да се функционира како што треба, енергија која Клоп во овој момент ја нема и затоа зема одмор за да ги наполни батериите. Пеп е убеден дека колегата ќе го направи она што смета дека е најдобро за него, но и дека сигурно ќе му се врати на фудбалот во блиска иднина.

-Прилично сум сигурен дека ќе се врати. Каде, не знам. Само тој го знае тоа. Тој ќе се одмори малку, ќе се опушти и ќе има перспектива затоа што кога играте секој трет ден сезона по сезона, тешко е да погледм се што правам, кои сме ние, што сакам во животот. Понекогаш е навистина добро да се одморите. Тој ќе одлучи најдобро што може, -заклучи предводникот на „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни