Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за неочекуваното заминување на Меси: Беше вистинско изненадување за сите

Објавено

на

Пеп Гвардиола во текот на утрешниот ден ќе има можност да се соочи со својот добар познаник, Лионел Меси кој ова лето направи изненадувачки трансфер на „Паркот на принцовите“.

Манчестер Сити ќе му гостува на ПСЖ во натпревар во кој сите очекуваат во таборот на „светците“ да го видат Лионел Меси кој ги пропушти претходните два натпревари за францускиот клуб поради повреда на коленото.

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека се надева дека Меси ќе биде во тимот на ПСЖ за утрешниот натпревар, а притоа даде коментар и за неговиот трансфер во францускиот клуб кој бил изненадување за сите.

– Тој трансфер беше изненадување за сите, но сега многумина го прифатија тој факт. Пред неколку години не можеше да се замисли такво нешто, но ете тоа се случи.

– Во животот никогаш не знаете што може да се случи. Она што во моментов е најважно е тоа дали тој е среќен тука во Париз, -изјави Пеп Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни