Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за најдобриот стрелец во ПЛ: Две сезони бараше да си замине…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити доживеа болна елиминација од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но „граѓаните“ мора експресно да свртат нов лист затоа што уште ги очекува нова важна задача, битка за пласман во финалето на ФА Купот.

Ривал на клубот од Манчестер е Челси, тим кој двапати не го победија во актуелнава сезона во ПЛ иако „сините“ се далеку од самиот врв на табелата.

Ова дефинитивно ќе биде тешка мисија за Сити и пред се ќе мора да внимава на својот поранешен играч Кол Палмер кој игра во страшна форма и со 20 гола е прв стрелец во ПЛ заедно со Ерлинг Халанд. Менаџерот Пеп Гвардиола беше запрашан дали е грешка што се ослободија, го продадоа англискиот интернационалец, а искусниот стратег објасни каква била реалната ситуација.

-Тој е исклучителен играч. Многупати реков, не му ја дадов минутажата која можеби ја заслужува и сега ја има во Челси. Јас целосно гор разбирам. Тој е срамежлив тип со многу потенцијал. Тоа е она што е. Тој игра фантастично, па што да кажам? Одлуката е донесена од многу причини.

-Тој бараше две сезони да си замине и јас реков да остане. Тој рече дека сака да замине. Што би можеле да направиме? Реков да остане затоа што Ријад [Марез] го нема, но веќе две сезони сакаше да замине, истакна Пеп кој откри дека Халанд е под знак прашалник за соочувањето на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни