Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за можноста да биде англиски селектор: Гледам работи што ми се допаѓаат…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Англија барем привремено го реши прашањето околу новиот селектор, наследникот на Герет Саутгејт кој се повлече од функцијата по крајот на Европското првенство кое се одигра во Германија.

Англичаните одлучија да му дадат шанса на Ли Карсли, човекот кој ја предводи младата селекција до 21 година. Карсли привремено ќе биде главен на кормилото на „трите лава“, односно ќе ја води селекцијата на стартот на Лигата на нации, а можеби и оваа есен.

Познат е наследникот на Саутгејт на селекторската позиција во Англија

Во меѓувреме продолжува дебатата на островот за тоа кој да биде вистинскиот наследник на Саутгејт, па многумина на жешкото столче сакаат да го видат Пеп Гвардиола, актуелниот тренер на Манчестер Сити кој е под договор до 2025 година.

Прашања на темата почна да добива и Шпанецот кој кратко објасни каква е ситуацијата.

-Морам да размислам што ќе правам со мојот живот, дали сакам да продолжам овде, дали сакам да паузирам, дали сакам да водам репрезентација или не. Целосно сум возбуден за сезоната бидејќи гледам работи што ми се допаѓаат. Има нов предизвик, да видиме дали можеме да го собориме сопствениот рекорд, -истакна Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни