Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за младата ѕвезда на Сити: Веќе ќе го сметаа за најдобар само ако…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола со неговиот Манчестер Сити има незгодно гостување кај Челси овој викенд, но актуелниот првак е фаворит и ако одигра како што знае и умее сигурно ќе биде многу блиску до нови три бода и задржување на лидерската позиција во Премиер лигата.

Во пресрет на овој дуел, шпанскиот стратег испофали еден играч кој се повеќе се наметнува, добива минутажа кај него-тоа е талентираниот Рико Луис кој може да покрива повеќе позиции.

Шпанецот е импресиониран од него и тој смета дека 18-годишниот Луис уште сега ќе можел да се смета за еден од најдобрите асови во ПЛ само ако бил повисок.

-Да беше малку повисок, ќе го смеаат за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Тој е исклучителен играч. Минатата сезона пристигна и почна да се приспособува на нас, секој натпревар го игра по највисоки стандарди. Навистина сме задоволни што играч од академија може да биде редовен (стартен) играч, навистина сме задоволни, -порача Пеп.

Фото: twitter.com/ManCity

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни