Англија
Гвардиола за мешаницата пред тунелот по крајот на дербито: Добро видов што се случи

Габриел Мартинели се покажа како вистински „џокер“ за Микел Артета и го реши големото дерби со Манчестер Сити непосредно по влегувањето во игра, откако неговиот удар од Аке заврши во мрежата на Едерсон.
После 12 последователни победи во Премиер лигата, Арсенал конечно го скрши мразот и оствари прва победа над Манчестер Сити, а иако гостите обично добро ги прифаќаат поразите, овојпат настана мешаница по последниот судиски свиреж.
„Граѓаните“ претрпеа втор неуспех во низа во домашното првенство и тоа донесе нервоза кај одредени фудбалери, а особено кај Кајл Вокер и Ерлинг Халанд кои беа задржувани од своите соиграчи по крајот на дербито на „Емирејтс“.
Фудбалерите се закачнаа со еден од помошниците на Микел Артета, а Пеп Гвардиола кој беше блиску до сето тоа, не им открил детали на новинарите, но ја потврдил нетрпеливоста.
– Добро видов што се случи и знам што се случи, но не сакам да ви кажам ништо. Не сакам да споделам со вас, но добро знаат што се случи и од нивна страна, – со насмевка изјави Гвардиола, кој сепак не крена преголема паника поради поразот.
– Не постои тим кој освоил четири титули во низа во Премиер лигата. Поразите можат да се случат, но ние сме во октомври. Понекогаш е добро да бркате и да бидете позади. Нема да биде првпат да бркаме некого, минатата сезона бевме многу поназад, но на крајот успеавме. Честитки до Арсенал, знаеме што треба да направиме и ќе го направиме тоа. Полека ни се враќаат дел од играчите и ќе се обидеме да ја прекинеме оваа лоша серија најбрзо што можеме, – додаде Пеп.
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча