Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за лекциите кои му ги држеше на Грилиш: Тоа го правам поради моето его, јас сум најпозната фаца во тимот! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола му држеше лекции на Џек Грилиш по крајот на дербито со Арсенал и тоа не е првпат да прави такво нешто со свој фудбалер, бидејќи неодамна истата судбина го снајде и Ерлинг Халанд.

Шпанскиот стручњак е познат по своите емотивни тактички изливи по последниот судиски свиреж, но откако доби јасна критика од страна на коментаторот кој го водеше преносот во живо, Пеп реши сега да одговори со иронија.

– Тоа го правам поради камерите, поради моето его. Јас сум најпознатата фаца во тимот, кога сум пред камерата се чувствувам најмоќно, тоа ми дава голема сатисфкација…..

– Секогаш се обидувам да ги критикувам моите играчии да испаднат најлоши што можат. Кога Халанд дава три гола, пофалбите треба да бидат за мене, а не за него.

– Пофалните зборови секогаш треба да бидат за мене, а не за играчите како поединци, – иронично порача Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни