Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за кризата на Сити: Ова не го очекував, не знам каков ќе биде исходот

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити игра катастрофално во последните два месеци од оваа календарска година, резултати кои се далеку од нивото на една екипа која доминираше во Премиер лигата, Англија и постојано беше конкурентна за пехарите во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ имаат остварено само една победа во овој период и тоа над Нотингем Форест што е потврда за огромната криза во клубот од Манчестер, криза со која Пеп Гвардиола се нема соочено во досегашната тренерска кариера, па и на него не му е лесно да ја прифати, да пронајде соодветно решение во тимот во кој го нема клучниот играч Родри, постојано има повредени, фудбалери кои не фит, посакуваната форма, ритам што значи ова е огромен предизвик за него.

Шпанецот е свесен за ситуацијата која признава дека не ја очекувал.

-Секогаш кога добиваме многу натпревари и титули велам дека ќе губиме натпревари. Кога победувавме 13 или 14 натпревари или 10 натпревари и ќе загубевме еден или нерешено и веднаш „што се случи? Зошто нерешено или губите натпревар?’ Таков е фудбалот.

-Добивме многу, беше исклучително, а сега ја живееме паралелата. Не го очекувавме, не го очекував лично и не знам каков ќе биде исходот после тоа, така што животот ти го дава тоа. Мора да се справиме со тоа, -порача Пеп кој го подготвува Сити за соочувањето со Евертон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни