Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола очекувано е незадоволен од потегот на судијата Сајмон Хупер длабоко во судиското надополнување на дербито меѓу Манчестер Сити и Тотенхем.

Грилиш се најде пред голманот на Тотенхем, но Хупер реши да досуди прекршок и да го врати нападот на Сити со слободен удар, потег кој ги разбесни домаќините и донесе жолт картон поради жесток протест за Ерлинг Халанд.

По средбата, Гвардиола се обидувал да се контролира, но посочил една важна работа во однос на контроверзната одлука на главниот судија.

– Нема да го направам тоа што го направи Артета.

– Сепак, тешко е да разбере тоа што го направи судијата. Прво даде знак играта да продолжи, а потоа свирна прекршок. Навистина не ми е јасен неговиот потег, – рекол Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни