Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за караницата со Де Брујне: Нека ми покаже дека погрешив! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола може да биде задоволен што неговиот тим освои бод на тешкото гостување на „Енфилд Роуд“, особено поради фактот што актуелниот шампион имаше проблеми да се справи со агресивниот пристап на Ливерпул во второто полувреме.

За да го неутрализира противникот, Шпанецот направи и една тактичка промена која не му се допадна на Кевин Де Брујне, но Пеп тврди дека неговата одлука била правилна бидејќи на неговиот тим му недостасувал контрола во средниот ред.

Де Брујне не ја прифати добро замената во вториот дел и бараше објаснувања од својот менаџер, а Белгиецот до толку беше фрустриран, што Пеп навистина му даваше образложенија уште на клупата.

По крајот на дербито кое заврши 1:1, менаџерот на Сити мораше да се навраќа на оваа ситуација, по што посочи дека го извадил Де Брујне за да добие потребен баланс во средниот ред.

– Ми се допаѓа кога е нервозен, тоа е добро за тимот. Нека ми покажа дека погрешив следниот пат. Сега е среќен по крајот на натпреварот, а јас знаев што не недостасува во тој момент. Потребен ни беше играч кој ќе ја задржи топката, не ни беше потребен пресинг. Ковачиќ е многу добар во држење посед и нема никаков проблем околу оваа ситуација, – објасни Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни