Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за историската криза: Точно знам што е поразлично од минатите сезони

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола за првпат во својата тренерска кариера загуби на четири натпревари во низа, а тоа се случи откако неговиот тим потклекна и на гостувањето кај Брајтон во ситуација кога имаше предност од 0:1.

„Граѓаните“ беа надиграни во финишот од средбата и добија нов тежок удар во краток временски интервал, период во кој тимот на Пеп Гвардиола губеше и од Тотенхем, Борнмут и Спортинг во Лигата на шампиони.

Четирите порази во низа се историски и досега незапаметени во тренерската ера на шпанскиот стручњак, но наместо да очајува, тој е сигурен дека оваа негативна серија ќе му дојде позитивно по крајот на репрезентативна пауза.

– Главна поента во целата приказна е дека немаме доволно играчи на располагање. Имам четири стопери во тимот, но ниту еден не е на располагање, сите се повредени. Исто така, Родри кој е наш најдобар играч нема да игра до крајот на сезоната. Де Брујне е далеку од својата најдобра форма, Доку е повреден, а повреден е и Грилиш. Можеме да се носиме со противник на еден меч, но не можеме да бидеме добри како што сакаме во континуитет.

– Изгледа како да се жалам, но не е така. Има само една разлика во споредба со минатите сезони. Тогаш го имав цел тим на располагање, сега го немам. Тоа е главната разлика, но мора да го преживееме овој период, мора да се носиме со тоа.

– Четири порази во низа? За мене се добредојдени. За се има нешто прво во животот. Нема да правам чекор назад, сега помалку од било кога. Јас на ова гледам како предизвик, а предизвиците ми се допаѓаат. Не знам што треба да се промени за време на оваа пауза поради репрезентации, но знам дека ќе бидеме подобри со самото тоа што ќе ни се вратат играчите кои се повредени. Мора да се ресетираме и да се вратиме во форма, по паузата, ќе ни биде потребно да играме на секој три дена, – потенцира Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни