Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити имаше неколку неуспешни резултати во изминатиов период, поточно на последните четири средби во Премиер лигата освои само три бода што секако е низа која загрижува, но може да се поправи почнувајќи од пресметката со Лутон.

Во пресрет на тој дуел, менаџерот Пеп Гвардиола искрено, отворено говореше за еден играч на „граѓаните“ кој никогаш не доби вистинска шанса во Сити по трансферот од Лидс Јунајтед-тоа е Калвин Филипс. Англичанецот нема запишано ниту еден старт во оваа сезона во ПЛ и ЛШ и како што стојат работите лесно може да го напушти „Итихад“ во јануарскиот преоден рок и за тоа е свесен и шпанскиот стратег кој посочи дека едноставно не може да го види Филипс во екипата.

-Не знам што ќе се случи. Многу ми е жал за мојата одлука за него. Тоа сум го кажал многу пати. Тој не го заслужува тоа што му се случи и многу ми е жал. Единствено што можам да кажам за него е дека барам добри личности и карактери и тој е совршен пример. И после тоа морам да му дадам нешто и тоа не го направив. Тоа е само затоа што визуелизирам некои работи и го визуелизирам тимот и работите – и се мачам да го видам.

-Не сум многу задоволен [со себе] и многу ми е жал за него. Нема да го кажам тоа [нему] бидејќи ова е бизнис и морам да бидам професионалец. Но ако еден човек се однесува [лошо], не ми е грижа. Но како тој се однесува со соиграчите и со сите, навистина ми еважно. Затоа се надеваме дека ќе може да ја сврти ситуацијата. И имам кажано многу пати, ако дојде до јануари и остане, јас сум повеќе од задоволен затоа што тој тренира навистина добро, Филипс е прекрасен човек и карактер, -порача Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни