Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за иднината на Де Брујне во Сити: Може да…

Објавено

на

foto:x.com/KevinDeBruyne

Кевин Де Брујне веќе една деценија е дел од Манчестер Сити, но токму оваа десетта година на „Итихад“ може да биде и негова последната во таборот на „граѓаните“.

Договорот му истекува на крајот на тековнава сезона и ако се земат предвид сите околности, возраста, неговото влијание, честите повреди, платата тогаш се некако изгледа дека е повеќе надвор откако внатре во клубот, но менаџерот Пеп Гвардиола ги остава отворени сите сценарија.

-Секако дека може да се случи (да потпише нов договор како Халанд). Кевин е во подобрена физичка кондиција. Тој го знае тоа. Тој вели дека се чувствува подобро. Тој веќе пет години се мачи многу и се трудеше оваа сезона, играјќи кога не беше на својот врв.

-Нема играч на таа возраст, дури и помлад, кој не може да игра без да биде загрижен. Но, некои проблеми се потешки за решавање од другите. Кевин се мачеше многу и направи неверојатна работна етика. Го видов како работи многу добро за да се врати и да биде најдобар. И се разбира, имајќи го тој посебен квалитет кој е единствен во светот, -истакна Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни