Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за Халанд: Тоа е неговата сила, понекогаш…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд повторно беше човек на одлука за Манчестер Сити кој вчера го совлада Брентфорд со 2-1 и со тоа остана единствена екипа со 100 процентен учинок во Премиер лигата.

Норвежанецот постигна два гола во првото полувреме со што донесе пресврт и три бода за својата екипа во мечот за кој беше ниезвесен по смртта на близок човек од семејството, човек кој имал голема улога во кариерата, развојот.

Меѓутоа Халанд се реши да настапи и со тоа покажа карактер, сила во тешки моменти.

-Тој ми кажа дека сака да игра. Тоа е неговата сила. За 90 минути го заборавате личниот живот. За неговото семејство беше тешко, тешко е да загубите човек на таа возраст. Беше скршен во соблекувалната, но ние се трудиме да се грижиме за сите и да бидеме блиску до нив.

-Вчера беше многу подобро расположен и најдобриот начин понекогаш е да си ја завршиш работата. Тој долги години, тоа го прави совршено. Тоа е неговата сила.

-90 минути го заборавате личниот живот и ударот в лице кој ви го дава животот. Ако не е подготвен да игра, ќе дојде кај мене и ќе ми каже дека не е подготвен да игра. Тој има толку многу квалитет и е оружје што мораме да го искористиме, -порача Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни