Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за ѕвездата на Сити: Ако не сака да игра, тогаш нема да игра

Објавено

на

Манчестер Сити се подготвува за новиот тест во Премиер лигата, дуелот со Лутон кој ќе биде последна проверка пред реваншот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ се домаќините на ова соочување и дефинитивно е возможно да има доста ротации во составот, а еден од играчите кој се очекува де биде одморен е Родри кој по средбата со Реал призна дека едноставно е исцрпен и му е потребна пауза.

Родри е исцрпен: Потребен ми е одмор…

-Ако играчот не сака да игра, тогаш нема да игра, тоа е едноставно, -рече Гвардиола и продолжи.

-Погледнете ги нашите натпревари и тогаш ќе сфатите. Тој е толку важен за квалитетот што го дава. Имам чувство дека на натпреварите кога беше уморен како против Кристал Палас и Реал Мадрид, беше подобар во второто полувреме. Трча повеќе и беше попрецизен во второто отколку во првото полувреме,

-Повеќе од физичкиот аспект, тоа е случај на трошење ментална енергија. Играње на секои три дена, три дена. Секако дека е уморен, игра многу минути, -порача Шпанецот.

Кога се во прашање топ 5 лигите во Европа, само тројца играчи имаат повеќе започнати натпревари од Родри, тоа е Вилијам Салиба од Арсенал и двајца голмани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни