Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за ѕвездата на Лајпциг: Тој е фантастичен играч, но…

Објавено

на

Манчестер Сити веќе го обезбеди првото место во групата А во Лигата на шампионите, но оваа фаза ќе мора да ја заокружи со последниот меч во групата, пресметката со РБ Лајпциг.

Ова е дуел кој за „граѓаните“ нема резултатско значање, меѓутоа сосема поинаква е ситуацијата кога е во прашање бундеслигашот кој се бори за место во Лига Европа. Поради ова се очекува да биде возбудливо, па дури и да паднат многу голови ако се има во предвид дека првиот меч на „Итихад“ заврши со резултат 6-3.

Во пресрет на овој меч тренерот Пеп Гвардиола воедно имаше можност да одговори и за шпекулациите, информации дека Сити е заинтересиран за ѕвездата на „биковите“ Дани Олмо.

-Ние не сме заинтересирани за Олмо. Кажувајќи го тоа сакам да истакнам дека тој е фантастичен, многу добар играч. Му се восхитувам што имаше храброст да ја напушти Барселона и да замине во Хрватска за да го развие својот талент и сега е во Лајпциг, -порача шпанскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни