Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола за двата ривали во Премиер лигата: На едниот му требаат повеќе од 90 минути за да оствари победа, а другиот…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола смета дека претстојното дерби против Ливерпул нема да даде конечен одговор за тоа каде ќе заврши титулата во Премиер лигата, бидејќи за разлика од обично, сега во шампионската трка се дури три тима.

Покрај Сити и Ливерпул, неверојатно блиску е и Арсенал кој игра во страшна форма во домашното првенство во последно време, па тоа го натера Гвардиола да посочи дека составот на Микел Артета изгледа како тим кој далеку полесно ги добива натпреварите во однос на конкуренцијата.

– Ливерпул е Ливерпул и се учи на секој натпревар против нив. Тие секогаш се кандидати за титула во последните години, но сега не се единствени. Арсенал е тука со нас. Минатата сезона, наш најголем ривал беше Арсенал, а не Ливерпул.

– Погледнете како игра Арсенал во последно време…… На Ливерпул му се потребни 90 минути за да победи натпревар, некогаш му се потребни и повеќе од 90. На Арсенал му се потребни само 25 минути за да ги добие натпреварите во последно време и затоа се во игра за титулата.

– За мене задоволството е да бидам дел од вакви натпревари како овој во недела. Задоволство е да се игра против Клоп, начинот на кој игра неговиот тим, секогаш учите нешто ново. Секогаш ми е убаво да се надмудрувам со него и го прифаќам новиот предизвик. Нашата цел ќе биде да победиме, – гласи изјавата на Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни