Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола за црвениот картон на Белингам: Мојот англиски е добар…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити е гостин на Реал Мадрид во реванш натпреварот во Лигата на шампионите, меч закажан за вечерва од 21 часот на „Бернабеу“, пресметка на која домаќините ќе влезат со минимална предност од 3-2.

Ова е дуел кој предизвикува големо внимание, но во шпанската јавност во изминативе денови е актуелна темата со црвениот картон на Џуд Белингам и дали тој заслужи да биде исклучен од судијата Хосе Луис Муниера Монтера.

Голема врева се направи за овој случај, па се дојде до таа ситуација арбитарот да добива смртни закани за него и неговото семејство. И додека се чека разврска, расчистување на оваа ситуација менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше можност да даде свој коментар.

-Мојот англиски јазик е добар, но не ја разбирам разликата помеѓу f— off и f— you. Но, она што е важно е намерата, а не навредата. Најдобро е да не го направиш тоа и да ги оставиш судиите на мир. Отсекогаш имало одлуки. Треба да го прашате Џуд која била неговата намера. Тоа е она што е важно.

-Можеби можеш да навредиш некого со голема насмевка на твоето лице и тоа не би било толку лошо, нели?, -истакна Пеп кој не смета дека треба да ги предупреди своите играчи да бидат внимателни во однос на јазикот кон судиите.

Атлетико со жестока објава против Реал: Машинеријата ќе уништи се што ќе се најде на патот! (Фото)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни