Англија
Гвардиола за честата изјава на фудбалерите и тренерите: Тоа е најлоша реченица во историјата на фудбалот!

Пеп Гвардиола ги предупреди своите фудбалери дека мора да бркаат победа на секој меч до крајот на сезоната и навести дека Арсенал нема да испушти многу бодови до крајот, но додека даваше ваква изјава, се потсети и на честата изјава на фудбалерите и тренерите која воопшто не ја поддржува и разбира.
Шпанскиот стручњак смета дека Арсенал е во многу поповолна позиција за освојување на титулата во Премиер лигата и додава дека искуството не може да направи разлика кога заостанувате осум бода, особено кога за противник имате тим кој доста ретко губи бодови во домашното првенство.
– Јас би сакал да сум во позицијата на Арсенал, а не да го имам искуството од претходните освоени титули во Премиер лигата. Претпочитам да бидам во ситуацијата на Арсенал, реалноста вели дека тие имаат осум бода повеќе од нас.
– Минатото е минато, сме освоиле во минатото, искуството не се брои во битката за титулата. Кога ги слушам фудбалерите и тренерите како велат: Не треба да докажам веќе ништо во фудбалот“, тоа е најлошата реченица во историјата.
– Во фудбалот мора да се докажувате секој ден, повторно и повторно. Минатото е зад вас, ако се навраќате постојано на тоа, треба да се пензионирате и да оставите простор за други, – смета Гвардиола.
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)