Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола за битката со Реал: Ова веќе изгледа како дерби…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити го доби ривалот за плејофот во Лигата на шампионите и тоа е актуелниот европски првак Реал Мадрид.

„Граѓаните“ имаа слаб настап во групната фаза и дури во последното коло, завршното полувреме направија пресврт со Бриж и обезбедија место во наредната фаза за да денешната ждрепка за противник им го донесе шпанскиот великан, најстрофејниот тим во ова натпреварување.

Овие два клуба од 2022 година редовно се соочуваат во нокаут рундата, па менаџерот Пеп Гвардиола имаше очекуван коментар во однос на ова прашање.

-Ова веќе изгледа како дерби, бидејќи четврта година по ред против Реал Мадрид. И Баерн и Реал беа навистина тешки можни противници. Да се ​​надеваме дека на најдобар можен начин ќе влеземе во првиот меч на нашиот стадион, а потоа и во Мадрид, -рече предводникот на „граѓаните“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни