Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Тимот на Манчестер Сити ќе се обиде да се врати на победнички патеки во Премиер лигата, а за да се случи тоа ќе мора да го совлада Тотенхем.

„Граѓаните“ освоија само два бода на двата претходни натпревари во шампионатот и поради тоа и го загубија лидерското место на табелата. Тотенхем од друга страна исто е состав кој поради различни причини (повреди/црвени картони) почна да паѓа и ги загуби последните три средби, па сигурно и „петлите“ ќе имаат што да кажат на „Итихад“.

Пеп Гвардиола е внимателен и испрати низа на комплименти на колегата Анге Постекоглу кој според него врши фантастична работа во Лондон.

– Импресиониран сум од многу работи што ги прават – шансите што ги создаваат и агресивноста во сите делови. Тој дојде овде без ништо и веќе за неколку месеци можете да ги препознаете Тотенхем како негов тим. Секој тим што игра со желба и одлучност доаѓа од менаџерот. Тоа го правеше во минатото во Јапонија и во Глазгов со Селтик. Тој го прави фудбалот подобро место – личност како Анге. Уживам да ги гледам како играат и пристапот што го имаат. Влијанието што го направи беше брзо и навистина добро.

-Мисе допаѓа храброста, високата линија – толку се агресивни. Многу комбинации, го користат голманот. Тие пристигнуваат на [крилата], толку се динамични, не е важно против кого играат, тие ја играат својата игра. Тоа се случи во Глазгов и сега овде. Ги загубија последните [три] натпревари, но играчите знаат зошто. Многу сличности кога победуваа. Два црвени картони против Челзи, лоши моменти, но секогаш се позитивни, -порача Шпанецот.

Дуелот Сити-Тотенхем е закажан во недела во 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни