Англија
Гвардиола воодушевен од повратникот во Јунајтед: Тој е во топ 5 најдобри во светот, направи клучна разлика
Пеп Гвардиола презема вина за лошата поставеност на неговиот тим во финалето на ФА Купот, но во подоцнежата анализа која ја направи на прес-конференцијата, шпанскиот стручњак не штедел комплименти и за ривалите.
Менаџерот на Манчестер Сити немаше проблем да му честита на градскиот ривал за освоената титула на „Вембли“, а според него еден играч во системот на Ерик Тен Хаг ја направил главната разлика.
Гвардиола смета дека Лисандро Мартинез со своите технички квалитети направил Јунајтед да има многу подобар проток на топката, нешто со што не успеале да се справат неговите играчи во првото полувреме.
Аргентинецот имаше ужасна сезона исполнета со тешки повреди, но вчера одигра брилијантен меч и покажа колку е важен за тимот кога е целосно фит.
– Лисандро Мартинез е во топ пет најдобри стопери во светот. Тој ја направи главната разлика во финалето, неговите пасови проаѓаа низ нашата одбрана и тоа ни направи проблем, – заклучи Пеп.
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија5 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда