Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола воодушевен од едно јануарско засилување: Постојано се смее и веќе сите го обожаваат во соблекувалната

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола доби четири засилувања во зимскиот преоден рок, а иако најзвучно беше пристигнувањето на Омар Мармуш, во првата фаза на адаптација на новите играчи, посебно импресионира младиот Абдукодир Хусанов.

Талентираниот Узбекистанец импресионира со својата брзина, храброст и отсечност за своја возраст (20 години), па по херојското издание во одбрана кое го имаше против Тотенхем, ги доби и првите сериозни честитки од својот менаџер.

Хусанов остава навистина добар впечаток и се чини дека Сити доби гаранција во дефанзивата за годините кои претстојат, а задоволството од неговиот пристап не го крие и еден од најдобрите тренери на денешницата.

– Хусанов веќе сите го сакаат во соблекувалната, а тоа доволно говори за каков карактер станува збор. Тој дојде кај нас за да игра фудбал, а кога му зборувате за фудбал, тој само се смее. Додека му зборувате, тој постојано е насмеан. Станува збор за играч на кој може да се потпрете, има извонредна брзина и поседува квалитет за изнесување на топка.

– Сепак, тој е многу млад и може уште многу да се подобри. Има само 20 години и тој е еден од играчите кои носат темпо на теренот. Сите во тимот го обожаваме, постојано молчи, напорно работи, не се жали и цело време е насмеан. Навистина станува збор за скромно момче кое е сакано од сите во соблекувалната, се надевам дека ќе го засакаат и фановите, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни