Гвардиола: Во тимот имам еден од најдобрите играчи кои сум ги видел во животот

pep-nasmevka

Манчестер Сити беше навистина уверлив во Ротердам и оствари голема победа од 4:0 над екипата на Феенорд, а иако имаше причина за голема среќа за сето она што го виде на теренот, Пеп Гвардиола по крајот на мечот истакна дека е посебно задоволен од еден свој фудбалер.

Шпанскиот стручњак е вистински перфекционист кој има големи барања од неговиоте фудбалери, а според неговата последна изјава, најблиску до исполнување на истите е Белгиецот Кевин Де Брујн од кого едноставно е одушевен.

– Кевин Де Брујн е еден од најдобрите играчи кои ги имам видено во мојот живот. Тоа е така поради тоа што Кевин може да направи се на теренот. Ретки се играчите како него кои можат да одговорат на секоја позиција. Де Брујн е топ играч, од голема класа. Но, исто така ми се допаѓа кај него тоа што е многу стабилно момче и огромен професионалец. Ужива да игра фудбал и едноставно живее за оваа игра, – истакнал Пеп на прес-конференцијата по средбата.

Facebook Коментари