Поврзете се со нас

Шпанија

Гвардиола: Во Барселона се водат војни, подобро е…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола е икона на Барселона, човек кој потекнува од школата на клубот, ас кој долги години настапуваше за тимот за да потоа се врати уште поиспешен како тренер носејќи го истиот на повисоко ниво, правејќи да биде најдобар на светот.

Меѓутоа веќе долго време е надвор од истиот, поточно повеќе од една деценија и иако е легенда во повеќе наврати има посочено дека не планира да се врати иако тоа дефинитивно би било одобрено од сите навивачи на каталонците. Дефинитивни има причини за тој негов став, а за ТВ3 даде подетално објаснување.

-Отсекогаш било вака и секогаш ќе биде. На сите ни се има случено. Овде ударите доаѓаат од секаде и секој ден. Но, оние кои најмногу болат се оние кои доаѓаат од внатре. Секој ден има многу мали војни во Барса. На крајот доаѓате до заклучок дека единственото нешто што е важно е да ги убедите вашите играчи во вашата идеја и што мислите дека треба да се направи. Што се однесува до останатото, подобро е да не влегувате и да се грижите за сопственото здравје.

-Опасноста од секојдневниот замор што доаѓа со обидот да се управува со средината на Барса. Презирот за она што го правите е константен и ова на крајот зема својот данок врз вас, -вели Пеп кој смета дека шпанскиот великан не треба да го менува моделот.

-Од моја гледна точка, Барса не треба да го менува својот модел. Однадвор сите ја гледаат Барса како нешто различно. Овој клуб оддава харизма, посебен мирис. Каква поголема пофалба можете да добиете?, -вели предводникот на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни