Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола влезе во конфронтација со противничкиот стопер, па откри какви забелешки имал за него (Видео)

Објавено

на

Пеп Гвардиола му честиташе на Брајтон за пресвртот и победата од 2:1, но за англиските новинари интересно беше тоа што шпанскиот стручњак влезе во расправија со противничкит меч по последниот судиски свиреж.

Менаџерот на Сити влезе во конфронтација со Ван Хеке пред да ги отпоздрави своите навивачи кои допатуваа од Манчестер, а бидејќи нивната конверзација навистина траеше подолго од вообичаеното, Пеп им откри на новинарите какви забелешки имал за играчот на противничкиот тим.

– Не стануваше збор за ништо посебно, само му порачав дека треба да остане цврсто на нозе. Тој цел натпревар беше цврст кон Халанд, а кога овој ќе возвратеше, тој паѓаше на земја.

– Му порачав само да остане цврст и да не паѓа на земја. Тој цел натпрвар во влечеше и го туркаше Халанд, кога ќе се случи спротивното, не треба да паѓа на земја.

– И покрај се, тој одигра навистина добар натпревар и му честитав за победата. Всушност честитки до сите во Брајтон за остварениот триумф, – изјави Гвардиола.

Пеп за првпат во својата кариера врза негативна серија од четири последователни порази во низа, но како што порача самиот, истата ќе му послужи како мотивација по крајот на претстојната репрезентативна пауза.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни