Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола влезе во дуел со Потер, менаџерот на Брајтон откри зошто се налутил Шпанецот (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити загуби на гостувањето кај Брајтон со 3:2 на натпревар на кој водеше со 0:2, но од првиот дел играше со фудбалер помалку.

Иако поразот не влијаеше на пласманот на двете екипи, камерите го уловија лутиот Пеп Гвардиола, но и неговите помошници како протестираат кај противничкиот менаџер Греем Потер.

Никому не му беше јасно зошто е лут Шпанецот, а по натпреварот тој одбил да открие што му кажал на Потер.

– Тоа што му го кажав е лично, не сакам да зборувам овде на таа тема, – изјавил менаџерот на Сити.

Малку повеќе открил Потер.

– Ми рече дека е разочаран од мене. Бев премногу емотивен при прославата на нашиот прв гол, тоа не беше убав гест од моја страна. Се извинувам поради тоа, емоциите ме понесоа, – рекол менаџерот на Брајтон, чија екипа го победи новиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни