Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Веројатноста дека нема да го повториме ланскиот ефект е 99,99%

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола е фокусиран на обидот на неговиот Манчестер Сити да ги освои бодовите против Евертон, а и натаму е песимист дека актуелниот шампион може да ги одбрани трите трофеи освоени минатата сезона.

Сити ја заврши сезоната со „триплета“, а шпанскиот стручњак смета дека е нереално да се постигне таков ефект и втора сезона по ред.

– Тоа е повеќе бајка од реалност, се работи за многу комплициран потфат.

– Ние ќе се обидеме да го победиме Евертон, па потоа ќе мислиме на следниот натпревар. Имаме 99.99% шанса дека нема да успееме повторно да освоиме три трофеи, затоа што тоа не го направил никој досега.

– Ако беше лесно и Манчестер Јунајтед своевремено ќе го направеше тоа. Се е многу тешко во овој бизнис, а претходните успеси не се никаква гаранција дека може да го повторите истиот ефект, – рекол Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни