Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Точно знам што ќе правам ако не исфрлат во пониска лига

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола стави потпис на нов двегодишен договор со Манчестер Сити и го продолжи престојот на „Итихад“ до 2027-ма година, сценарио кое ни самиот Шпанец не можеше да го замисли пред само неколку месеци.

Всушност, Гвардиола беше решен да си замине по крајот на оваа сезона, но сите перипетии и тешки моменти со кои се соочува клубот во последно време, на крајот го натераа Пеп да покаже истрајност и да му остане верен на англискиот првак.

Покрај тоа што објасни зошто останува во Манчестер Сити, Пеп посочи дека нема да „мрдне“ од „Итихад“ дури и во ситуација клубот да заработи жестока казна поради 115-те прекршоци, посебно ставајки акцент на можно исфрлање од Премиер лигата.

– Мислам дека кажав нешто слично пред шест месеци, а можеби и пред една година. Што ќе направам ако не исфрлат во пониските лиги?

– Ќе останам тука, ќе се натпреварувам во било која лига. Не знам во која лига би не исфрлиле, но следната сезона ќе имаме промоција, ќе се качуваме од година во година, се додека не стигнеме во Премиер лигата. Ова го тврдам пред вас и така и ќе биде, – им порачал Пеп на новинарите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни