Поврзете се со нас

Шпанија

Гвардиола: Таа врата е затворена

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола веќе повеќе од 15 години е на големата фудбалска сцена и тоа како тренер на реномирани екипи како Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Тој во сите клубови каде што беше забележа успеси, освои многу титули, собори рекорди и со тоа дефинитивно си обезбеди статус на еден од најдобрите тренери во историјата. Шпанецот во моментов влегува во последната година од договорот со премиерлигашот Сити и останува отворено прашањето дали ќе остане на „Итахад“ и по 2025 година.

И додека се очекува ова прашање да се разјасни, тој затвори една врата, опција, а тоа е да се врати еден еден во Барселона.

-Да, таа врата е затворена, -порача Пеп запрашан за тоа дали се уште стои на ставот дека не би направил кам-бек на „Камп Ноу“.

Пеп е играчка и тренеска легенда на клубот, па за навивачите малку е нејансен овој негов цврст, ригиден став да не се враќа во клубот во кој ги мина најубавите денови на двете „функции“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни