Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола стравува и од Евертон: Тие не се совршен противник…

Објавено

на

Манчестер Сити игра многу лошо во последниве два месеци од оваа календарска година каде има забележано само една победа и тоа против Нотингем Форест во Премиер лигата.

Меѓутоа оваа ситуација може да се промени затоа што Сити до крајот на 2024 година има противници по мерка, ривали кои се под неговото ниво и може со шест бода да го заокружи овој период затоа што на другата страна ќе ги има Евертон и Лестер.

Во некое друго време „граѓаните“ ќе беа апсолутни фаворити, но сега ќе мора да се изборат, да се испотат и тоа добро го знае менаџерот Пеп Гвардиола кој едноставно чувствува страв и од Евертон иако средбата се игра на „Итихад“.

-Тие не се совршен противник. За нас фокусот е да се вратиме на најдоброто. Ќе биде потребно време. Мора да постигнеме резултати што е можно побрзо. Се соочуваме со Евертон и тие се во добар момент, тоа го покажуваат нивните резултати и настапи, -порача Пеп пред денешниот меч закажан за 13:30 часот, средба со која ќе биде отворено боксинг деј колото во најсилниот англиски шампионат.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни