Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола среќен: Тој е мини Родри, клубот купи неверојатен играч!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити оствари убедлив триумф над Њукасл (4-0) во Премиер лигата и со тоа испрати јасна порака дека нема намера да остане без пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Конкуренцијата за Топ 4 е жестока, „граѓаните“ имаат турбулетна кампања и тоа некои клубови го искористија, меѓутоа Сити е супер квалитетен тим, тим со освоени многу титули во претходниов период и знае да игра под притисок.

Менаџерот Пеп Гвардиола беше задоволен од изданието на неговите избраници против Њукасл и воедно испрати комплименти на адреса на јануарското засилување Нико Гонзалес кој пристигна од Порто.

-Мислам дека присуството на Нико ни помогна многу поради 10 топки, во ситуациите 50/50, тој добива и можете да трчате. Кога ќе изгубите седум, тие ќе трчаат. Имам чувство дека клубот купи неверојатен играч за иднината, во однос на менталитетот.

-Тој е толку млад, 23 години, како мини-Родри. Тоа е голем комплимент – но постои чувство за големото присуство, дуелите. Се разбира, тој е со милји далеку од Родри. Родри е најдобар. Но, јас имав чувство, сите имаа чувство дека тој ќе ни помогне во последниот дел од сезоната, -истакна Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни