Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола сподели добра и лоша вест пред дербито со Тотенхем

Објавено

на

Манчестер Сити утре има тешко гостување во Лондон кај Тотенхем, една екипа која е исклучително незгода за актуелниот шампион.

Меѓутоа „граѓаните“ мораат да собираат бодови со оглед на минусот што го имаат од лидерот Арсенал, па ваквите средби и позитивниот резултат вредат повеќе од три поени. Во пресрет на овој дуел предводникот на Сити, Пеп Гвардиола сподели една добра и една лоша вест кога се во прашање двајца играчи, англиските репрезентативци Џон Стоунс и Фил Фоден.

-Стоунс ќе биде во „аут“ три недели, еден месец. За жал многу натпревари. Менаџерите се жалат поради многуте натпревари. Дојде од СП, ќе се врати за неколку недели.

-Фоден треба да ни биде достапен. Тој добро тренираше изминативе два дена, -пораша Шпанецот.

Мечот Тотенхем-Сити е закажан за утре од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни