Англија
Гвардиола со резиме: Не очекувавме едно нешто во овој летен преоден рок
Пеп Гвардиола денеска порача дека очекува мирен крај на летниот преоден рок за Манчестер Сити и нагласи дека не очекува ниту едно засилување во последен час, нешто што го натера да направи резиме на тоа што се случи во изминативе три месеци.
Воглавно, шампионскиот тим на шпанскиот стручњак остана речиси ист и како засилувања пристигнаа Савињо и Гундоган, но сепак ако се размислува на нападот како целина, Сити загуби еден важен ресурс во името на Хулијан Алварез.
Аргентинецот самиот побара трансфер во Атлетико Мадрид и Пеп Гвардиола му ја отвори вратата, но најмногу изненади тоа што Сити на крајот одлучи да не носи замена за Алварез, иако инкасираше 90 милиони евра.
– Очекувам мирна завршница на преодниот рок. Задоволен сум од тимот кој го имам, не очекувавме само едно нешто. Не очекувавме заминување на Алварез, но знаевме дека може да се случи такво нешто. Неговиот агент разговараше со разни клубови, но ние никогаш не држиме играч кој не сака да биде со нас.
– Ситуацијата е јасна, можеме да имаме проблеми ако настанат повреди, но имаме играчи кои можат да одговорат на различни позиции. Можеби грешам, но јас сакам да работам со помал и со покомпактен тим. Ако имам поширок ростер, постои ризик да оставаме играчи надвор од тимот. Ако нешто на крајот ни се случи, ќе можеме да бараме освежување во зимскиот преоден рок, – изјави Гвардиола.
-
Италијапред 16 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 14 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Италијапред 19 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Германијапред 15 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 18 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 15 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент