Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со порака за Грилиш: Од него зависи…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Џек Грилиш ја санираше повредата, но ќе му треба време да се врати во вистинските форма и ритам, за да добие шанса повторно да биде стартер во редовите на Манчестер Сити.

Менаџерот Пеп Гвардиола, отворено, преку медиумите, истакнал дека Грилиш мора да се докаже за да добие поголема минутажа.

– Тој е истиот фудбалер, го има истиот менаџер, а ние не сме го промениле начинот на игра.

– Ние имаме потреба од него, внесува посебни квалитети во екипата, но дали ќе игра зависи само од него и неговите изведби на теренот. Се надевам дека ќе има три добри месеци на крајот на актуелната сезона, – рекол Гвардиола.

Шпанскиот стручњак потенцирал дека не планира долго да го чека Грилиш, односно да му дава голема минутажа за тој да го постигне посакуваното ниво.

– Не можам да им давам на фудбалерите по три или четири натпревари за да влезат во форма. Мора да го пронајдат ритамот и за 20 минути, бидејќи ако играат цели натпревари, што ќе се случи со останатите десет кои не играат? Зарем тие не заслужуваат шанса?, – прашува менаџерот на Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни