Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со порака: Сакам кога играчите се лути…

Објавено

на

foto:twitter.com/SofascoreINT

Манчестер Сити имаше убедливо издание против Борнмут во Премиер лигата, средба во која главна ѕвезда беше Жереми Доку кој постигна еден гол и забележа четири асистенции.

Тој со ова фантастично издание го фрли во сенка Џек Грилиш кој остана на клупата за резерви, па Пеп Гвардиола имаше порака за англискиот репрезентативец, но и за летното засилување.

-Сакам Џек да биде лут и сакам тој да игра добро. Потоа и Доку да биде лут затоа што не ги одиграл последните два натпревари. Ова е начин да се одржи константноста на тоа ниво. Потребни ни се сите. Начинот на кој Џек играше на Олд Трафорд за да ни даде поголема смиреност беше одлучувачки за нас, -рече Пеп и додаде:

-Жереми и Џек можат да играат во исто време, но кога не играат, следниот ден тренираат подобро затоа што знаат дека им доаѓа моментот и кога ќе бидете ментално подготвени, ќе играте добро. Начинот на кој играше Грилиш на Олд Трафорд ни дава поголема смиреност и моќ на таа позиција, која беше одлучувачка. Потребни ни с есите. Имаме многу натпревари и секој треба да се натпреварува. Тогаш ќе победиме и сите ќе бидат среќни. Мора тоа да го направиме тоа – заклучи Гвардиола.

Сити утре го пречекува Јанг Бојс, па останува да видиме кој ќе добие предност, но и дали Грилиш и Доку можат заедно да заиграат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни