Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со порака до играчите кои доаѓаат во Сити: Треба да доаѓаат тука поради клубот, а не поради..

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека играчите кои доаѓаат на „Итихад“ мора тоа да го прават поради клубот, а не поради други причини кои се набројуваат во јавноста.

Во последно се шпекулира дека голем дел од играчите се одлучуваат за Манчестер Сити токму поради шпанскиот стратег кој е еден од најдобрите тренери во модерниот фудбал.

Гвардиола беше запрашан дали неговото присуство во клубот влијаело и за ангажманот на Ерлинг Халанд, меѓу другото, на што шпанскиот тренер даде поопширен одговор.

– Играчите кои доаѓаат овде не доаѓаат да играат за мене, доаѓаат да играат во лигата и за овој клуб.

– Тоа треба да е така затоа што играчите не доаѓаат тука само на еден месец или една година. Тоа што ние го правиме е тие да се чувствуваат среќни во градот, во соблекувалната, со играњето во Премиер лигата. После тоа којзнае што ќе се случи, но тоа ни е идејата. Играчите да доаѓаат за доброто на клубот, -заклучи Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни